Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

„Хендикеп плус“ и Општина Штип со проект за поинклузивна и попристапна локална самоуправа

Поттикнување општествени промени иницирани од лицата со попреченост, со цел создавање потранспарентно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поттикнување општествени промени иницирани од лицата со попреченост, со цел создавање потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво, се целите на проектот што Здружението „Хендикеп плус” го реализираше во соработка со Општина Штип.

Претседателката на здружението, Бранкица Димитровска, информираше дека на завршниот настан биле презентирани резултатите од проектот, финансиран во рамки на Бугарска помош за развој. Во рамки на активностите, статутот на Општина Штип е издаден на Брајово писмо и адаптиран за лица со оштетен слух, а извршено било и мапирање на пристапноста и непристапноста на околу 40 јавни објекти во општината.

-Проектот природно произлезе како резултат на претходните два во Општина Крива Паланка – прва општина во државата што го адаптираше својот статут на Брајово писмо,а беше формиран и Совет за прашања на лицата со попреченост. Целта на овој проект е да се поттикнат општествени промени во општината иницирани од лицата со попреченост, со цел создавање потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво. Специфичните цели се насочени кон унапредување на спроведувањето на обврските од Конвенција за правата на лицата со попреченост преку активно учество на лицата со попреченост во креирањето и донесувањето одлуки на локално ниво- рече Димитровска. 

Реклама

Во Општина Штип, покрај статутот издаден на Брајово писмо и адаптиран за лица со оштетен слух, во рамките на проектот беше извршено и мапирање на пристапноста и непристапноста за лицата со попреченост на околу 40 јавни објекти во општината: паркинзи, автобуски превоз, надворешни патеки, лифтови, влезни врати, тоалети и пристапни рампи на институциите. Објектите веќе се означени со налепници „пристапно“ или „непристапно“.

Од Општина Штип посочиле дека локалната самоуправа континуирано соработува со здруженијата на лицата со попреченост, со цел утврдување на приоритетните проблеми и изнаоѓање соодветни решенија.

Проектот „Заедно за инклузивна општина“ на „Хендикеп Плус“ претставува дополнителен поттик за соработка меѓу здруженијата на лицата со попреченост и општинските власти.

На настанот бил присутен и амбасадорот на Бугарија во земјава, Желјазко Радуков, кој посочил дека ова е само еден од проектите што Амбасадата на Бугарија во Северна Македонија ги поддржува, бидејќи на лицата со попреченост треба да им се овозможи активно да придонесуваат во развојот на општеството.

На веб-страницата на Општина Штип веќе е достапна аудио-визуелна презентација на статутот на општината со превод на знаковен јазик.