Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Гувернерот Славески на 15 октомври во Вашингтон ќе го потпише писмото на намери со кое земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Северна Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан.

-Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер на Народна банка ќе го потпишам писмото на намери и со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат од наредната година овој систем да биде целосно оперативен, истакна Славески.

Тој нагласи дека ова е уште еден чекор до интеграција во системите за плаќање од Европската Унија што ќе биде од полза и за македонските граѓани и за македонските претпријатија.

Реклама

-Станува збор за систем за инстант плаќање, за систем во реално време што се извршува за неколку секунди, каде што процесот на порамнување не завршува во 14 или 15 часот туку работи 24/7. Тоа е систем на Европската цнетрална банка. ЕЦБ ја има овластено Банката на Италија да изработи клон и тој клон да го понуди на системот ТИПС на земјите на Западен Балкан. Србија има сопствен систем во рамки на Централната банка и е надвор од тој процес. Во јануари, четири од останатите пет земји од Западен Балкан го имаат потпишано писмото на намери. Наша делегација била присутна во Рим но не знам кои причини не била дадена согласност. Јас уште со самото стапување на функцијата разбрав што се предностите на овој систем, ги направивме консултациите и ја известивме Банката на Италија дека ние сме целосно подготвени да влеземе во тој процес, појасни Славески.

Гувернерот на Народна банка посочи дека за деталите во кој степен ова што го имаме ние како земји кои се уште се надвор од Европската Унија за разлика од земјите од ЕУ, не би можел да говори, но, истакна дека ова е значаен чекор.

-Ние ќе се трудиме навремено да бидеме оперативни заедно со сите останати земји од Западен Балкан, подвлече Славески.

На 1 јули 2025 земјава официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Ова членство треба да го олесни испраќањето и примањето пари од странство, да ги намали трошоците за трансакции и да ја подобри брзината и сигурноста на плаќањата во евра.