Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Грозоморна вест: 65- годишен маж во Штип, неколку години злоставувал три малолетни девојчиња, доби 30 дневен притвор

Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11 и 10 години  биле жртви на сексуално злоставување од страна на 65годишниот штипјанец,   сопственик и управител на приватен образовен центар во Штип, а истовремено во центарот им предавал математика.

  • „ Според обвинителството сомничениот од септември  2023 до 11.05.2026  користел прилика во која на девојчињата им држел дополнителни часови во образовниот центар и им се приближувал и ги допирал по телото“.

Случајот бил откриен откако родителите пријавиле во полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот .

    Случајот во Штип, го отвори и прашањето колку приватните образовни центри се безбедни , но и контролирани од институциите. Бидејќи тие не се под надлежност на Министерството за образование и наука, нема системски надзор врз нивната работа, посочи министерката Весна Јаневска. Таа најави дека се потребни законски решенија со кои овие центри ќе бидат ставени под институционална контрола.

Реклама
  •    „За жал ваквите образовни центри не се во надлежност на Министерството за образование и наука, посочи министерката Весна Јаневска, која потенцираше дека во наредниот период донесувањето на закон со кој ќе се регулира нивното работење, ќе биде приоритет на министерството„ изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

 Со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом и образовниот центар од каде се одземени предмети за понатамошна истрага. Инаку станува збор за приватен образовен центар кој повеќе од една деценија работи во Штип.