Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Балкан

Грчките земјоделци се повлекуваат од границите

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци заедно со нивните трактори да се повлечат од граничниот премин Евзони кон нашата земја. Овој потег беше одлучен доцна во вторник по двата состаноци во изминатите денови меѓу делегациите на земјоделците што протестираат и премиерот Киријакос Мицотакис.

Грчките земјоделци во голема мера престанаа да ги блокираат повеќето патишта и гранични премини, но ситуацијата сè уште не е целосно завршена. Повеќето земјоделци претставени на состаноците веќе ги отворија автопатите за сообраќај, додека одредени трактори ги задржаа на местата на протестите како предуслов поставен од централно-десничарската влада за одржување на состаноците.

Грчките земјоделци, незадоволни од политиките на владата, бараат повисоки субвенции и намалување на даноците, наведувајќи ги растечките трошоци за производство. Владата делумно ги исполни нивните барања, велејќи дека не може целосно поради буџетските ограничувања и предупредувајќи дека долготрајните блокади на патиштата ќе доведат до полициска репресија врз демонстрантите.