Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Граѓаните велат „да“ за построги казни, од петок нови сообраќајни правила

Дојде крајот на возење тротинети со слушалки во уши или поминување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојде крајот на возење тротинети со слушалки во уши или поминување на пешачки со телефон на уво. 40 евра казна за пешаците кои преминуваат пешачки додека користат каков било  електронски уред, а за возачите на тротинети, велосипедисти и мотори следи казна од 50 евра доколку возат и користат телефон или имаат слушалки во уши за време на возење. За четири дена, од петок, стапуваат во сила новите сообраќајни правила за пешаците, велосипедистите и возачите на тротинети. Според Законот за безбедност во сообраќај , секој пешак е должен кога се движи по коловоз тоа да го прави внимателно,  без да користи електронски уреди од каков било вид кои што би можеле да му го одземат вниманието додека преминува улица, а полицијата е овластена да постави видеонадзор со цел документирање на сообраќајните прекршоци. Граѓаните велат дека со оваа мерка дефинитивно ќе се намалат сообраќајните незгоди, но сепак сметаат, дека сеуште треба да се работи на подигање на свеста на луѓето.. за казните, велат,  дека дури треба и да бидат повисоки.

„Треба ригорозни и поголеми мерки за прекршителите, без разлика дали се работи за пешак или за возач. Кај несвесните нема да владее. Мерката е супер. Баш е фино. Јас како би ги казнувала луѓето што одат на пешачки, пензионери особено. На црвено поминува.“- велат граѓаните.

Од први јануари 2026 година, со проектот „Сејф Сити“ нема повеќе да се толерираат и бесните возачи по улиците низ Македонија. Камерите се веќе поставени, а системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат. Според податоците од тестирањето на камерите низ Скопје, регистрирани се 5 до 11 илјади прекршоци дневно, а во моментов со актуелниот начин на контрола на сообраќајниците полицијата успева да евидентира по околу 500 казни на ден.