Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Градоначалникот на Илинден Александар Георгиевски избран за член во највисокото раководно тело на АРЛЕМ

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за член на Бирото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за член на Бирото на Евро-медитеранското регионално и локално собрание (АРЛЕМ), највисокото раководно тело на оваа меѓународна организација. Овој избор претставува значајно признание за Општина Илинден, но и за Македонија, придонесувајќи кон зајакнување на меѓународната соработка и институционалната застапеност на државата.

Изборот беше потврден на 17. пленарна седница на АРЛЕМ, одржана во Тирана, Република Албанија, на која градоначалникот Георгиевски учествуваше како претставник на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија (ЗЕЛС).

Бирото е највисокото раководно тело на АРЛЕМ, кој функционира во рамки на Европскиот комитет на регионите и претставува важна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните и регионалните власти. Со изборот за член на Бирото, градоначалникот Георгиевски ќе има можност активно да придонесува во дефинирањето на стратешките приоритети, обликувањето на политиките и насочувањето на идните активности на АРЛЕМ, истовремено поттикнувајќи ја и продлабочувајќи ја соработката меѓу локалните и регионалните власти од Европа и Медитеранот.

Реклама

Градоначалникот Георгиевски ќе ја извршува оваа функција во период од две и пол години, почнувајќи од јули 2027 година. Неговиот избор претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓународната позиција и препознатливост на Општина Илинден и Македонија, отворајќи можности за продлабочување на соработката со европските општини и региони, воспоставување нови партнерства и реализација на заеднички проекти од развојно значење.