Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Економија

Градоначалникот Костовски во Приштина: Општина Бутел доби нов проект од ЕУ

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија за доделување на грантови за општините преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија.

Како што соопшти Општина Бутел, проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста – REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија 2021-2027.

Проектот „REDUCE“ има за цел да придонесе кон почиста и поодржлива животна средина преку подобрување на системите за собирање, селекција и рециклирање на отпад. Активностите во најголема мера се насочени кон надминување на заедничките предизвици со кои се соочуваат и двете општини во Косово и Македонија, наведуваат од Општината.

Реклама

Оттаму додаваат дека проектот ќе помогне општината да ги унапреди своите практики, согласно европските стандарди за заштита на животната средина. Добивката од проектот “REDUCE” е почиста и поздрава животна средина, современо управување со отпад и поголема еколошка свест кај граѓаните. Со помош и поддршка од Европската Унија се создаваат конкретни и долгорочни решенија кои во голема мера ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.