Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Клековски: Нема здравствен случај кај Михајлова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, кој ќе го потврдеше тоа

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај. 

– Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски. 

Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во судот во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа во текот на судскиот процес се жалеше на дискриминација поради нејзиното двојно државјанство, и македонско и бугарско, односно дека не ѝ е дозволено да се лекува во соседна Бугарија. Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.

Реклама

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за време на неодамнешната посета во Софија, во врска со случајот со Михајлова изјави дека Македонија е подготвена да дозволи бугарски медицински специјалисти да ја посетат и да се запознаат со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михајлова. Тој нагласи дека случајот има два одделни аспекти – судската постапка, во која извршната власт не може да се меша, и здравствената состојба на Михајлова, за која, како што рече, македонските власти покажале подготвеност за соработка.