Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче со Заев одработи за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?

Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно ги застапуваше позициите на Румен Радев, прво Бугари во Устав, па се друго, сака да се камуфлира во партизан. Истиот тој Венко Филипче кој сака да стане партизан и кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев, од македонскиот Устав ги избришаа одлуките на АСНОМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот Филипче кој сака да облече партизанско руво, и истиот ментор Заев, кои јасно подвлекоа дека во Втората светска војна, бугарските фашисти во Македонија не биле окупатори туку администратори.

Партизанскиот дрес на Венко Филипче и маршот во градот херој Прилеп, во очи 11 Октомври е само камуфлажа, откако виде дека македонските граѓани не прифаќаат ново предавство на националните интереси.

Реклама

А од друга страна, додека се случуваше преправањето на Филипче во партизан, зад превезот, очигледно, повторно одработуваше за Румен Радев и Бугарија и во најновиот случај со Ива Михаилова која побегна во соседната земја.

Така, доктор кој во периодот на власт на СДС во 2017 година беше директор на Клиниката на неврологија, Иван Барбов, поставен лично од Зоран Заев и Филипче, изготвил медицински извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, а дека истата ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија.

Името, докторот Барбов не е непознат за македонската јавност, тој е правосилно осудено лице за криминалниот случај „Метастаза“, каде тој е еден од обвинетите кој се гонел за посредување во издавањето на инвалидски пензии.

Според тогаш објавените информации, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии, каде што за двете години додека дејствувала групата, заработиле 165.000 евра, но и за 53.000 евра го оштетиле Фондот за здравство.

Тука се поставува прашањето, дали Венко Филипче со неговиот ментор Зоран Заев, затоа што се уценети од Румен Радев, ургирале кај нивниот криминален другар, доктори и поранешен нивен директор, Барбов да постави дијагноза и да изготви таков извештај во кој јасно укажува дека методата за лекување на Михаилова ја нема во Македонија и дека истата може се направи во соседна Бугарија.

СДС, Филипче и Заев има за што да дадат одговори и тоа треба да го направат во најкус можен рок, јавноста очекува одговори.

Воедно, очекуваме и истрага по допрен глас за да се испита нашиот и сомнежот на јавноста дека во овој случај, преку нивниот доктор Барбов имаат вмешано прсти Филипче и Заев и дека зад целата операција стојат Радев и бугарската држава.