Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Градежниот сектор се надева дека најавите за реализација на капитални проекти од општините ќе го покрене секторот

Градежните компании гледаат спас од кризата во секторот во најавените 250 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните компании гледаат спас од кризата во секторот во најавените 250 милиони евра капитални проекти на општините. Откако премиерот Мицкоски најави дека со ребалансот ќе се скрати непотребното и ќе се доделат пари на локалните власти, компаниите се надеваат дека ќе учествуваат во изградбата на нови училишта, градинки, патишта.

Состојбата во моментов е загрижувачка. Договорот кој претходната Влада го склучи со Бехтел и Енка во 4 очи, ги дотолчи. Велат имаат капацитет да работат исто како и странците, но бирократијата ги спречува во тоа. Гневни се бидејќи во други држави работат во конзорциуми без проблем, но во сопствената држава имаат бројни кочници во работењето. Едноставно, бараат ист третман како и странските фирми кои работат овде, им го одземаат кадарот и го одливаат капиталот надвор.

Градежниците формулираа низа барања за помош на секторот кои ќе ги презентираат до властите. Бараат промена на неколку закони со кои би се елиминирале административно-техничките пречки за работа, би се промениле критериумите за добивање тендери, би се избирала економски најповолната понуда и неделата како ден би бил работен за овој сектор. Од комората велат дека во моментив за едвај 4% од вкупните градежни работи на капиталните проекти се ангажирани домашни фирми. Остатокот го работат странските компании. Според првичниот буџет, годинава требаше да се реализираат капитални инвестиции од над 730 милиони евра. До крајот на мандатот на претходната Влада завршено е едвај 28% од предвиденото.