Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Градењето на новата зграда на медицинскиот факултет во Штип почнува веднаш по завршувањето на болницата

На околу 5000 метри квадратни ќе се простира новата зграда во која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На околу 5000 метри квадратни ќе се простира новата зграда во која ќе биде сместен Факултет за медицински науки, при штипскиот Универзитет„Гоце Делчев„. Објектот ќе го проектират реномирани компании од Обединетотот кралство, а со градежни активности ќе се започне веднаш откако ќе заврши доизградбата на новата болница. Освен амфитеатри, предавални за најсовремени симулации, во него ќе бидат сместени и неколку институти кои ќе имат научно-образовна дејност.

„Нашите барања беа да бидат опремени со најсовремени системи за симулација и дигитална презентација на физиолошките и патофизиолошките параметри. Тоа се ќе биде вклучено во најсовремена форма. Ќе има училници и нови амфитеатари. Јас, верувам дека тоа целосно ќе го промени нивото на образование на медицинскиот факултет и сигурен сум дека ќе биде нов концепт на едукација на медицинските кадри„ изјави проф.д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Новата зграда на факултетот ќе биде лоцирана веднаш до штипската Клиничка болница, а веднаш во негова близина ќе се гради и нов студентски дом. Ќе биде со капацитет до 200легла и ќе нуди најсовремени услови за студентско живеење.

Реклама

„Основната информација е дека ќе има 200легла, ќе ги има сите потребни капацитети за конфор на студентите. Ќе има кантини, ресторани, паркинг, се што е потребно ќе биде вклучено во проектот„ изјави проф.д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Факултетот за медицински науки е една од најатрактивните програми на штипскиот Универзитет, а студентите за да ги следат предавањата се приморани да се движат од еден до друг кампус кои меѓусебе се одалечени.