Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Големи пожари низ земјава: 220 хектари изгореа кај Бигла, активни жаришта и на Китка и Палиград

Големиот шумски пожар кој вчера избувна во атарот на делчевското село Бигла…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големиот шумски пожар кој вчера избувна во атарот на делчевското село Бигла е локализиран и ставен под контрола. Утринава, по направената опсервација со дрон, биле лоцирани критичните точки, по што на терен веднаш е почнато локално гасење.

Огнот зафатил околу 220 хектари, а екипите остануваат на терен. Вчера Бигла беше на удар на огнената стихија. Повеќе од 300 луѓе, тешка механизација, специјализирани возила, авиони и полициски хеликоптер беа мобилизирани во борбата со пламените јазици, кои се заканија да стигнат до првите куќи во селото.

Во жестоката борба со огнот има и повредени. Мештанинот кој, според првичните информации, го предизвикал пожарот со палење гуми, заедно со уште две лица, меѓу кои и полицаец, во обид да го сопре огнот, завршил на клиники во Скопје.

Реклама

„Според првичните информации, опожарена е борова и дабова шума од 220 хектари, што е значително голема површина. Ова ми дава за право уште еднаш да упатам апел до сите граѓани во државата, бидејќи една ненамерна грешка може да предизвика големи штети и, не дај Боже, загуба на човечки животи“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

И во Пехчевско, во близина на границата со Бугарија, кај селото Црник, будно се следи состојбата. Според првичните информации, вчерашниот пожар бил предизвикан од гром, а опожарени се околу хектар и половина борова шума.

„Тежок пожар за којшто не очекував дека ќе биде изгаснат. Благодарение на поддршката на градоначалникот и интервенцијата на трите ер трактори на ДЗС, овој пожар беше ставен под контрола, а потоа и изгаснат. Денеска не дава знаци на горење“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Вчерашниот ден беше пеколен. Биле регистрирани најмалку 33 пожари на отворено, а во моментот во државата има најмалку пет активни жаришта.

Дождот помогнал во гасењето на огнот над селото Сушица, кај Коњаре. Најтешка е состојбата на планината Китка, каде пожарот во неколку наврати бил ставан под контрола. Се верува дека е подметнат.

Цела ноќ траела и битката за селото Палиград, каде екипите се бореле огнената стихија да не се доближи до куќите.