Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

🎥 Голем пожар кај Желино, МВР ќе истражува дали е подметнат

МВР почна со истрага по наводите на очевидците дека големиот пожар кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР почна со истрага по наводите на очевидците дека големиот пожар кај Желино бил предизвикан од пиромани кои тркалале запалени гуми по ридот.Од ЦУК велат дека пожарот поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири а противпожарните екипи интензивно се борат со густиот чад и огнената стихија.

Надлежните со полна сила работат на локализација на пожарот и спречување на негово ширење.Постои основано сомнение дека пожарот е подметнат од човечки фактор велат од ЦУК.

Истовремено, шуми горат во четири општини – во Нивичино општина Василево, гори нискостеблеста шума.

Реклама

Пожари има и во Грешница, општина Македонски Брод, и меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани…речиси на сите локации гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Силниот ветер го здиве пожарот и кај Велес кај селата Џидимирци – Крушје –  Иванковци.

Во меѓувреме, на територијата на целата држава е прогласена кризна состојба. Активиран е и ЕУ механизмот за помош – што во пракса на службите им овозможува да побараат помош од земјите членки при справувањето на пожарите.