Реклама

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Економија

Голем интерес за инвестирање во граѓански обврзници

Голем интерес кај населението за инвестирање во граѓански обврзници. Заврши рокот до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем интерес кај населението за инвестирање во граѓански обврзници. Заврши рокот до кој можат да се запишуваат граѓански обврзници кај деловните банки. Во изминативе 15 дена сите заинтересирани можеа да се пријават во банкарските филијали за да учествуваат на аукција. Таа е закажана за утре и ќе трае од 9 до 14 часот, по што ќе се знае колкав износ е собран од населението. Минималниот износ кој може да се инвестира е 10 илјади денари. На аукцијата ќе бидат понудени двегодишни обврзници без девизна клаузула. Приносот од каматата изнесува 4,5% годишно.

„Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава, а аукцијата ќе се одржи на 12 декември. Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а исплатата на каматата за првата година ќе се изврши на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година“– велат од Министерството за финансии.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека има голем интерес кај населението за вложување во граѓански обврзници. Таа рече дека зависно од понудената сума, ќе се запише поголем износ од овие државни хартии од вредност.

Реклама

Ова е трета граѓанска обврзница. Министерството за финансии досега имаше 2 емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Првата беше издадена летото 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра. Се работи за релативно нов финансиски инструмент со кој министерството за финансии се задолжува на домашниот пазар кај населението.