Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Година од трагедијата – Кочани ќе се поклони пред жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Сплотени и со почит кон жртвите, Кочани се подготвува да ја одбележи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сплотени и со почит кон жртвите, Кочани се подготвува да ја одбележи годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Програмата започнува на 14-ти со православни содржини за молитвено сеќавање. Наредниот ден се предвидени спортски активности со учество на повредените и семејствата на загинатите. На 16 март, во часот кога се случи трагедијата која ќе остане трајно врежана во меморијата на нацијата, граѓаните ќе им оддадат почит на загинатите пред дискотеката „Пулс“.

„Во 2.15 ќе оддадеме почит пред „Пулс“, под мотото „2.32 – светлина што останува“. Во 8.45 во Градскиот парк ќе бидат поставени 63 бели столчиња, кои ќе ги симболизираат 63 животи на прерано починатите дечиња. Во 9.00 часот ќе пристигнат делегациите, а во 10.30 е предвидено да започне комеморативната седница“, изјави градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Досега се најавени над седумдесет делегации, а се очекува да пристигнат лекари од болниците во Унгарија, Австрија, Италија, Грција и од Балканот, кои се грижеле за повредените.

Реклама

„Очекуваме голем број делегации, голем број делегации. Ќе биде еден голем масовен настан. Приемот ќе биде во Градскиот парк во Кочани“, изјави градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Грозданов апелира институциите и компаниите да ги ослободат вработените од работа, додека граѓаните да се воздржат од возење автомобили, за улиците да останат слободни за делегациите што ќе пристигнат. Посебен повик упати до земјоделците да се стрпат и во овие денови на тага да не ги палат стрништата.

Тридневниот настан, со кој достоинствено ќе се одбележи една година од трагедијата, е во организација на Здружението на граѓани „16 Март“, Општина Кочани, црковниот храм „Св. Великомаченик Георгиј“, кочанската болница и Центарот за култура „Бели мугри“.