Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Гоцевски: Мојата заложба е во првите 100 дена да се исчистат дивите депонии во и околу Делчево

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски ја истакна својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски ја истакна својата визија и идеи како да се подобри Делчево, да биде поубаво место за живеење, со проекти за решение на дивите депонии и решавање на проблемот со задолжувањето на општината од претходната власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мојата мотивација ќе ја преточам во конкретни проекти, ќе ја прекинеме оваа низа на два мандати на градоначалници на СДСM, овие 4 години ќе работам во интерес на граѓаните на општина Делчево со нови проекти, Делчево е задолжена општина и задолжено Јавно комунално претпријатие, ќе работиме на сервисирање на големиот долг од мојот претходник, ќе го направиме Делчево поубаво место за живеење“, истакна Гоцевски.

Кандидатот за градоначалник Гоцевски наведе дека ќе се насочи кон решавање на проблемот со дивите депонии, како и изнаоѓање решение за селективен отпад, потенцирајќи ја изградбата на регионалната депонија која ќе помогне да се исчистат и градските депонии.

Реклама

„Нашиот основен мотив е справувањето со дивите депонии, во првите 100 дена од кога ќе бидам назначен за градоначалник  нашата заложба ќе биде да ги исчистиме сите диви депонии, да најдеме решение во иднина за селективен отпад и нормално изнаоѓање на решение за нашата градска депонија, паралелно на ова сите знаеме дека е во тек изградбата на регионалната депонија, која ќе ни помогне да ги исчистиме и нашите градски депонии. Во однос на нашата градска депонија тоа што е запишано во програмата е дека  ќе обезбедиме 24 часовен надзор на истата“, рече Гоцевски кој е кандидат за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.