Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Глобалната воена криза во Иран, предизвик и за македонското здравство

Македонските болници би можеле да се соочат со недостиг на шприцеви, епрувети,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските болници би можеле да се соочат со недостиг на шприцеви, епрувети, ракавици и материјали за снимање, поради воената криза во Иран. Најкритична е состојбата со контрастните средства што се користат за компјутерска томографија и магнетна резонанца.

Залихите се сведени на минимум, а од Клиничката Болница Штип апелираат до матичните лекари и специјалистите да упатуваат на снимање само итни случаи. Според најавите, нови количини од добавувачот се очекуваат на 21 мај.

„Станува збор за контрастни средства кои се користат при снимање со компјутерски томограф и магнетна резонанца. Залихите ни се на долна граница, а ниту добавувачите немаат резерви, бидејќи производителот не работи со капацитетот со кој работел претходно“, изјави Владко Захариев, директор на Клиничка болница – Штип.

Реклама

Поради намаленото производство, се очекува недостигот да биде глобален. Во однос на шприцевите, епруветите и латекс производите, од болницата велат дека засега располагаат со резерви за најмногу два месеца.

„Сите болници имаат одредени залихи, а ние имаме резерви за еден до два месеца. Се надеваме дека кризата ќе се надмине во тој период. Доколку состојбата во Иран продолжи, ќе се прави реорганизација меѓу болниците. Таму каде што има залихи што не се користат, тие ќе се пренасочуваат во центрите каде што ќе има најголема потреба“, изјави Владко Захариев, директор на Клиничка болница – Штип.

Денеска е објавен оглас за вработување на 23 здравствени работници во штипската болница. Се бараат фармацевти, стоматолози, физиотерапевти, медицински сестри и техничари, како и помошен персонал, а наредната недела ќе биде распишан уште еден оглас за вработување на двајца административни работници. Од болницата информираат и дека е во тек сервисирањето на мамографот.