Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

„Гладниот“ претседател на Уставен суд тежи над 200.000 евра, има една куќа и два стана

„Гладниот“ претседател на Уставниот суд Сали Муарати има една куќа и два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Гладниот“ претседател на Уставниот суд Сали Муарати има една куќа и два стана, тој и неговото најтесно семејство тежат повеќе од 200 илјади евра, ова го покажува неговиот анкетен лист предаден во Антикорупциска. Тој како личен и заеднички имот има пријавено куќа во село Врапчиште вредна речиси 90 илјади евра, еден стан во Скопје вреден 56 илјади евра, и уште еден во Гостивар проценет на 40 илјади евра. Како имот на сопругата пријавил златен накит вреден околу 6.500 евра. Под ставката имот на деца, има пријавено еден автомобил од 8.200 евра, како и еден свој со цена нешто помала од 1.500 евра. На име побарувања пак пријавил 7.300 евра, како и долг од 4.200.

Анкетни листови вредни илјадници евра, ама не доволни за да се откажат од високите плати над 1500 евра. Отсуството на солидарност кај судиите предизвика бура реакции во јавноста.  Најголем број од граѓаните сметаат дека Уставниот суд донел срамна одлука да се стопира уредбите за минималнаи функционерски плати.

Владините функционери пак нема да се откажат од целата плата, остануваат на ставот дека ќе земеле минималец како што предвидуваше владината одреба  а останатите пари ќе ги донирале во фондот за справување со Ковид 19.

Реклама

-Сметаме дека солидарност е клучна за справување со секоја па и оваа криза и дека сите ние веќе се согласивме, го утврдивме тоа дека сметаме дека е добра мерката за минимална плата. Така да, во таа насока кога ќе ја добиеме платата и постапувањето наше ќе биде во таа насока, на солидарност, изјави дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за испитување на законитоста на три владини уредби со законска сила донесени за време на вонредната состојба. Истовремено, донесе времена мерка за стопирање на овие уредби додека не се донесат нови одлуки, што значи дека и самите тие наместо минимални ќе си земат цели плати.

Матеја Петровски