Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Гевгелија го почнува одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот

– Со низа културни и забавни настани, од денеска до сабота, Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со низа културни и забавни настани, од денеска до сабота, Општина Гевгелија ќе го одбележи 7 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Програмата опфаќа театарски претстави, концерти на класична и популарна музика, детски активности, изложба и фолклорна вечер, со што ќе се одбележи значајниот датум од историјата на Гевгелија, велат од Општината.

Одбележувањето започнува вечерва во 19 часот, во големата сала на Народниот театар, со настанот „Транзиција – традиција“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“.

Утре, во 19 часот, во салата на ООМУ „Васо Карајанов“ ќе се одржи концерт на класична музика на „Трио Аура“, додека наредниот ден во Народниот театар ќе биде изведена претставата „Синот“ на Театар „Антон Панов“ од Струмица.

Реклама

Програмата продолжува во четврток со концерт на музичкото училиште „Васо Карајанов“, кој ќе се одржи во концертната сала на училиштето од 18 часот, а во 19 часот, во Уметничката галерија „Амам“, ќе биде отворена годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, во организација на НУ Музеј- Гевгелија.

За петок се предвидени повеќе настани – во 12:30 часот, на платото пред Народниот театар, ќе започне детското дефиле, во 13:00 часот, во театарот, ќе се промовира спотот „Сите сме еднакви“, во организација на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Во 19 часот ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, а вечерната програма ќе заврши со концертот „Апасионато“, со настап на Пламенка Трајковска и Камерниот оркестар, со почеток во 19:30 часот, во Народниот театар.

Одбележувањето на празникот Општина Гевгелија ќе го заврши в сабота со полагање цвеќе на спомен-обележјата во градот, а од 19 часот, во Народниот театар, ќе се одржи фолклорната вечер „Фолклорен ѓердан“, во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ од Гевгелија, посветена на традиционалните музички и танцови вредности.