Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за време на работната посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за време на работната посета на збратимената општина Стари Град во Белград, оствари средба со својот колега и домаќин, градоначалникот Радослав Марјановиќ. Посетата се реализира по повод 150 години од формирањето на општината Стари Град, информираат од Општина центар.

На средбата, како што велат, делегациите на двете општини разменија искуства и разговараа за продлабочување на соработката во областа на културата, спортот, образованието и урбаниот развој.

-Нашите збратимени општини имаат слични проекти и приоритети. Токму затоа е клучно да споделуваме искуства и да учиме едни од други. Преку вакави врски и соработка, ги промовираме културните вредности и туристичките потенцијали што ги поседуваме, рече Герасимовски.

Реклама

Општина Центар и Стари Град се збратимени повеќе од две децении, а соработката има за цел продлабочување на врските меѓу локалните власти, како и зближување на граѓаните преку културна, спортска и образовна размена и други заеднички иницијативи, со што се зајакнува пријателството меѓу двете локални заедници.