Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница

Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Како што информираат од локалната самоуправа, децата активно учествуваа, поставувајќи бројни прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и плановите на општината.

-Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации. Општина Центар секогаш ќе остане отворена за вакви едукативни средби, истакнал градоначалникот Герасимовски.

Реклама

Во рамките на посетата беше реализирана и креативна работилница во соработка со младински и еколошки организации, со која учениците преку цртеж и игра учеа за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот развој.