Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Герасимовски: Целосно го поддржувам протестот за УСЈЕ, мора да има ригорозни санкции

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во Дневникот на телевизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека целосно го поддржува протестот поврзан со УСЈЕ и порача дека мора да има строги и континуирани контроли, не само таму, туку во сите фабрики, се вели во соопштението од Општина Центар. 

„Доколку тоа што се зборува е вистина, мора да следуваат ригорозни санкции “, истакна Герасимовски.

Kако потпретседател на ЗЕЛС, Герасимовски нагласи дека очекува Град Скопје да изработи јасен план, стратегија и програма во која ќе бидат вклучени сите 10 скопски општини, со цел намалување на загадувањето и негово целосно искоренување.

Реклама

„Договорено е до крајот на годинава, односно до средината на следната недела, да имаме состанок во рамки на ЗЕЛС со сите општини, каде ќе се разговара за повеќе теми, а приоритет ќе биде аерозагадувањето“, рече Герасимовски.

Тој посочи дека се неопходни клучни мерки: функционален и ефикасен јавен и сообраќаен превоз, кој со години се најавува, но сè уште не е на соодветно ниво, воведување мерки при екстремно загадување, како системот „пар-непар“ за намалување на сообраќајот, строги инспекциски контроли, како и засилени проверки кај домаќинствата што се греат на штетни материјали како гуми, пластика и други опасни горива. Дополнително, неопходни се и редовни контроли во индустриските зони и кај најголемите загадувачи.

Герасимовски истакна дека Општина Центар нема индустриска зона, но дека воздухот нема граници и дека сите скопски општини се подеднакво засегнати од загадувањето.

Во однос на можната дислокација на цементарницата УСЈЕ, градоначалникот порача дека тоа нема да биде лесна задача, но, ако се сака се се може.