Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Гаши за Денот на независноста: Време е државата да зрачи со стабилност и вредности, сплотеноста е нашата најголема сила

По повод претстојниот државен празник – Денот на независноста, претседателот на Собранието,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод претстојниот државен празник – Денот на независноста, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на приемот што го организираше во законодавниот дом, упати порака за единство, сплотеност и визија за иднината на Северна Македонија. Во своето обраќање, Гаши ја нагласи важноста на суштинската сплотеност меѓу граѓаните, почитување на различностите и градење на заедничка иднина без поделби.

-Главната порака што сакам да ја упатам на оваа годишнина од независноста е сплотеноста. Ние, како млада држава, имаме потреба од многу нешта, но мислам дека пред сè и најмногу ни е потребна сплотеноста. Не униформна и погодна, туку суштинска сплотеност. Таа што ги почитува разликите и истите ги претвора во богатство, а не во поделба. Секој од нас треба да почувствува одговорност да не поттикнува поделби, туку да гради мостови, да не ја користи разликата како ѕид, туку како прозорец преку кој се гледаме поблиску еден со друг, рече Гаши.

Претседателот на Собранието нагласи дека по 34 години државност „време е Северна Македонија да се издигне на нивото што го заслужува“.

Реклама

-Можеби по големина ние сме мала држава, но, сме голема по можности, аспирации и амбиции. Ние сме центарот на балканот и е време овој центар да зрачи со стабилност, култура, знаење и вредности, како што зрачеше и во нашето богато минато. Значајно и за нас и за целата човечка цивилизација, потенцираше Гаши.

Тој додаде дека независноста не е подарок, туку завет кој треба да се негува и пренесува.

-Независноста не е подарок, таа е завет – завет од минатото, обврска за сегашноста и патоказ за иднината. Таа е завет оваа земја да биде наш заеднички дом, татковина на сите нејзини луѓе, без поделби и без исклучоци. Таа е завет разликите да не нè разделуваат, туку да нè зближуваат, да нè збогатуваат, да нè прават посилни. Овој завет нè обединува и денес, и ќе нè води и утре – кон поголема слобода, кон правда и кон заедничка иднина во која секој човек ќе се чувствува свој на своето, порача Гаши на приемот во Собранието по повод 8 Септември – Денот на независноста.