Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Гаши се сретна со албанската министерка за надворешни работи, Елиса Спиропали

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со министерката за надворешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.

Како што соопшти собраниската прес-служба Гаши на средбата нагласил дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој изразил задоволство од прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската унија и отворање на сите преговарачки кластери согласно новата методологија на ЕУ.

-Госпоѓата Спиропали истакна дека иако Албанија веќе преговара за членство во Европската Унија, смета дека и останатите држави од Западниот Балкан треба да ја следат и процесот на проширивање треба да продолжи затоа што носи голема трансформација во сите општества на земјите во регионот. Албанија ќе продолжи да ја поддржува Македонија во европските процеси со до конечно надминување на сите потешкотии што се појавуваат на европскиот пат, се наведува во соопштението.

Реклама

Двајцата соговорници се согласиле дека зачленувањето во Европската унија носи големи придобивки за граѓаните на земјите од Западен Балкан, затоа што процесот е реформски и потребно е да се имплементираат домашни задачи, како што е борбата против корупцијата и реформи во правосудните системи.