Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ФЗО и УЈП со нов анекс за побрза размена на податоци

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа анекс на Протоколот за електронска размена на податоци со кој се овозможува навремено ажурирање на информации, решавање на застарени долгови и спречување на злоупотреби, сè со цел да се обезбедат поефикасни, потранспарентни и достапни услуги за граѓаните.

Како што соопштуваат од ФЗОРСМ, овој анекс е прв по потпишувањето на оригиналниот протокол во 2012 година. Потписници на анексот се директорите Елена Петрова и Сашо Клековски.

Со новиот анекс, ФЗО ќе добива месечни податоци за неплатени придонеси за здравствено осигурување, поединечно по обврзници за пресметка и уплата. Досега се добиваа само податоци за платени придонеси, што предизвикуваше ненајавени прекини во осигурувањето. Новиот систем ќе овозможи навремено информирање и ажурирање на податоците, спречувајќи автоматско исклучување на осигуреници поради технички грешки.

Реклама

Дополнително, ќе се воспостави годишна достава на податоци за застарени и ненаплатени придонеси, со цел да се реши проблемот на осигуреници кои имаат обврски постари од 10 години, но сега се редовни плаќачи. Ова ќе овозможи годишно отпишување на застарени побарувања и враќање на правото на здравствено осигурување за овие лица.

Како дел од интеграцијата со системот „е-даноци“, ФЗО ќе добива во реално време уверенија за остварени приходи за лицата кои аплицираат како социјално загрозени, за кои придонесот го покрива Министерството за здравство. Ова е прв чекор кон спречување злоупотреби на ова право, кое досега се остваруваше само преку самоизјава.

-Овие промени обезбедуваат побрзи, потранспарентни и подостапни услуги, намалувајќи ги бирократските бариери за граѓаните. ФЗО и УЈП продолжуваат со дигитализација за поефикасна администрација во корист на сите, велат од Фондот.