Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Фотоволтаична централа на кровните површини на основните училишта во општина Ѓорче Петров

Кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2,1 мегават ќе биде инсталирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2,1 мегават ќе биде инсталирана на кровните површини на основните училишта на територија на општина Ѓорче Петров преку јавно-приватно партнерство (ЈПП). 

-Со денеска потпишаниот Договор за ЈПП и со реализацијата на овој проект, Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата фотоволтаична централа на кровна површина на јавни објекти во Република Македонија, со што се прави значаен чекор кон енергетска независност и користење на обновливи извори на енергија, најави општинската прес-служба.

Проектот појаснуваат дека се реализира без финансиски импликации врз буџетот на општината, а според предвидените параметри, општината ќе остварува најмалку 6 милиони денари годишен приход, што треба да овозможи дополнителни инвестиции во инфраструктура, образование и проекти во интерес на граѓаните.

Реклама

– Поставувањето на фотоволтаичните системи ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија, зголемување на енергетската ефикасност и значајна заштита на животната средина, преку производство на чиста енергија. Со оваа иницијатива, Општина Ѓорче Петров поставува нов стандард во примената на современи и одговорни политики во локалната самоуправа, истовремено создавајќи пример што може да го следат и други општини во државата, се вели во соопштението.