Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Фотографирање на граница, отпечаток од прст, внесување информации од пасош- што ги чека македонските граѓани со новиот „EES“ систем на ЕУ?!

По 12-ти октомври при првиот влез во земјите од Европската унија, македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 12-ти октомври при првиот влез во земјите од Европската унија, македонските граѓани на граничните премини ќе поминат низ целосен процес на регистрација, што вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти, како и внесување на информациите од пасошот во Системот за влез и излез во државите членки. Целта е префрање од застарените печати во патните исправи, на современ дигитален систем.

Сепак целиот процес ќе оди етапно, информираат од Министерството за внатрешни работи. Така што кај дел од патниците, печатите ќе останат и по 12-ти октомври, а целата постапка треба да заврши до 10-ти април 2026-та, кога ќе има целосна дигитализација.

-Доколку преминувате во Шенген зоната за прв пат од воведувањето на Системот за влез и излез (EES), ќе поминете низ целосен процес на регистрација. Ова вклучува: Скенирање на отпечаток од прст, Фотографирање на лицето, Собирање податоци од пасошот, како што се вашето целосно име, датум на раѓање и број на патна исправа, велат од МВР.

Реклама

Граѓаните не треба да се грижат за приватноста на своите податоци. Се што ќе влезе во системот е управувано, според строгите правила за заштита на податоци. Со него управува Агенцијата на ЕУ, одговорна за ИТ системи, осигурувајќи дека личните информации се безбедни и транспарентно обработени.

-Системот за излез и влез (EES) е целосно усогласен со строгите закони за приватност на ЕУ, вклучително и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Системот ги следи принципите како што се ограничување на целта, минимизирање на податоците и пропорционалност, што значи дека вашите податоци се собираат само за легитимни цели на гранично управување и се чуваат толку долго колку што е потребно, велат од МВР.

Системот е креиран да го поедностави процесот на преминување на границите, со автоматизација и пунктови за самопослужување кои ја намалуваат потребата од рачни проверки на пасошите.

-Иако првата фаза на имплементација може да предизвика одредени доцнења додека патниците ги регистрираат своите биометриски податоци, долгорочната придобивка ќе биде побрзо преминување на границите и попредвидливи патнички искуства. Со текот на времето, ќе забележите пократко време на чекање, особено ако сте чест посетител на Европа, велат од МВР.

Според планираното биометриските податоци на граѓаните обично ќе се чуваат во системот по три години од последниот влез или излез во земја членка. Сепак, важат посебни правила ако сте член на семејството на државјанин на ЕУ: во такви случаи, може да се применат скратени периоди на чување, што го одразува вашето право на слободно движење.

Матеја Петровски