Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Фондот за пензиско воведува СМС известувања за подигнување решенија за пензија

Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на гужвите, а воедно се поедноставува процедурата на работа и се намалуваат трошоците во работењето.

– Откако решението ќе биде изготвено од службите до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија Фондот ќе ја достави пораката со следниот текст. „Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето“, се наведува во соопштението.

Реклама

Во рамките на Фондот, како што посочуваат оттаму, работи нов Кол Центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на:- старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи и тоа скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници (верски лица), остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија, како и услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

За подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период, како што велат од Фондот, преку новиот портал uslugi.gov.mk се воведени 13 електронски услуги.

– Станува збор за Барање за остварување на право на старосна пензија, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство, Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник- индивидуален земјоделец, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување, Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи, Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица, Потврда за исплатени пензии во периоди, Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија, Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања, Потврда за сметка во банка, како и Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија, се наведува во соопштението до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се посочува во соопштението.

Од Фондот информираат дека во фаза на тестирање се и следните услуги, кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период и тоа: Барање за остварување на право на семејна пензија, Барање за остварување на право на инвалидска пензија, Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување, како и Издавање на дупликат решение.