Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Фокус на човечкиот капитал, значително засилување на здравствениот кадар низ државата

Професионалниот развој и зајакнувањето на човечките ресурси претставуваат клучен дел од новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионалниот развој и зајакнувањето на човечките ресурси претставуваат клучен дел од новиот пристап во здравствениот систем, најавен од министерот за здравство, Азир Алиу. Здравството не може да функционира без луѓето што секојдневно се грижат за неговото непречено работење, информираат од ресорното министерство.

Со таа цел, Министерството за здравство, од назначувањето на министерот Алиу, на 9 јуни, започна интензивен процес на засилување на кадарот во јавните здравствени установи низ целата држава.

Во период од нешто повеќе од еден месец, веќе се реализирани или се во завршна фаза над 950 вработувања од различни здравствени профили: доктори по медицина, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолог, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал.

Реклама

Процесот продолжува и во наредните денови ќе бидат отворени нови постапки за вработување во повеќе јавни здравствени установи во државата.

Министерството за здравство останува посветено на градење стабилен и функционален здравствен систем којшто започнува со вложување во луѓето, кои се негова основа, велат од МЗ.