Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Финансиска поддршка за земјоделците во Пелагонија за органско земјоделско производство

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со седиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со седиште во Битола, денеска упати потсетување до пелагониските земјоделци дека до 25 декември може да поднесат барања за финансиска поддршка во органското производство.

Раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола, Стојан Христовски истакна дека со финансиската поддршка опфатени се повеќе мерки, како и дополнителни директни плаќања за подмерките на МЗШВ.

-Сакам да ги известам земјоделците дека може да ја искористат финансиската поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло.Тоа е поддршка од 10 насто од вредноста на произведените и продадени производи, до 150.000 денари  по оператор и 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и сточарско производство, за не повеќе од 5 преработени производи. Поддршка има и за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, како и посебни директни плаќања за стручна контрола и сертификација, односно 50 насто од трошоците за добиен сертификат издаден од овластено тело во 2025 година. Во финансиската поддршка вклучени се и посебни директни плаќања за анализа на производ кај земјоделски стопанства, изјави Христовски.

Реклама

Во канцелариите на МЗШВ во Битола, но и во дисперзираните канцеларии во општините Могила и Новаци, обезбедени се и информации за дополнителни директни плаќања за подмерки содржани во финансиската програма.

-Пелагониските земјоделци може да ја корстат подмерката за дополнителни директни плаќања за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион која изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка која изнесува 18.000 денари по хектар, потоа директни плаќања за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, но и директни плаќања од подмерката за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи, појасни Христовски.

Од ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола посочија дека во рамки на финансиската поддршка и предвидениот рок до 25 декември отворени се подмерките за директни плаќања за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици, како и плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед.