Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Стручна јавна расправа за предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стручна јавна расправа за предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка се одржа денеска во организација на Министерството за правда, со учество на претставници од правосудството, академската заедница и меѓународни експерти, при што беше истакната потребата од поефикасен и прецизно уреден систем за одземање незаконски стекнат имот. 

Како што соопштуваат од Министерството, во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков, истакнал дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес.

Министерот потсетил дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија почна со воспоставување современ механизам за одземање имот за кој постои основано сомневање дека е стекнат од незаконски извори независно од исходот на кривичната постапка.

Реклама

– Преку анализата на постојните законски одредби и консултациите со стручната и академската јавност, институциите и меѓународните партнери, беа утврдени потреби за попрецизно и појасно уредување повеќе прашања, со цел создавање функционален и правно одржлив систем – истакна министерот Филков.

Тој нагласил дека новиот предлог-закон предвидува прецизирање на условите за поведување на постапката, јасно дефинирање на надлежностите на институциите, воспоставување механизми за финансиска анализа и утврдување несразмерност помеѓу имотот и законските приходи, уредување на мерките за обезбедување на имотот, како и заштита на правата на засегнатите и совесните лица.

– Законското решение се темели врз начелата на законитост, пропорционалност, непристрасност, доверливост, транспарентност и итност, при што неговата цел не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување располагање со незаконски стекнат имот – наведуваат од Министерството.