Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Филипче: За две недели ќе биде завршена внатрепартиската реконструкција

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека за околу две недели ќе биде завршена внатрепартиската реконструкција.

– Интензивно јас работам на тоа поле. Изминативе денови бројни состаноци, бројни координации. Така да во следните две недели целокупниот процес ќе беше завршен, рече Филипче.

Филипче во вторникот вечерта побара оставка од целото раководство вклучително и целиот Извршен одбор, со што го започна процесот на реорганизација и реформи во партијата, еден месец по локалните избори во која СДСМ излезе со лош резултат.  

Реклама

Во однос пак на иницијативата за анкетна комисија на владиното мнозинство на која ќе се разгледуваат сите трагедии, тој изрази жалење што власта не се одважила да даде поддршка на барањето на семејствата на загинатите и повредените деца.

-Навистина сметам дека сакаат да изрелативизираат сè. Реков уште на почетокот ќе поддржиме било која иницијатива за дискусија на било која тема во Собранието, и така ќе постапиме. Ќе учествуваме на било која седница, на било која комисија која што се на Собранието. Ние ја гласавме таа иницијатива која што со трик дојде како што многу често се случува во Собранието на прво место за гласање на дневниот ред. Нашата иницијатива ја вратија со забелешка, намерно, иако немаше простор за тоа, за да дојде втора. Еве ја поддржавме нивната иницијатива, зошто сакаат се да изрелативизираат. Зошто не направија анкетни комисии за сè што сакаа до сега? Може да го направат тоа, рече Филипче. 

СДСМ смета дека треба да има две анкетни комисии, едната којашто ја предлага владејачкото мнозинство, каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, но и една посребна анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. 

Во врска со тоа дали СДСМ ќе учествува во Работната група за изборниот законик, рече дека било какава промена на Изборниот законик треба да биде резултат на една широка дискусија и да биде донесе со консензус. 

– Добро е да има експерти и добро е да се слушнат барањата на сите политички партии, да се согледаат мислењата, да се споделат мислењата на сите и да се донесе едно солидно решение имајќи ги предвид сите сугестии, вклучувајќи ги и оние од меѓународните институции, посочи Филипче на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.