Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Филипче: Со Златко Кузмановски Демир Хисар отвора нова страница на развој и напредок

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар ја поддржа кандидатурата на Златко Кузмановски за градоначалник на општината, нагласувајќи дека тој е најдобриот избор за реализирање на програмата и визијата што СДСМ ја нуди за Демир Хисар.

-Верувам, и стојам одговорно зад тоа, дека Златко ќе ја води општина Демир Хисар чесно, со интегритет и со почит кон секој граѓанин. Тој ќе отвори нова страница за Демир Хисар, страница на развој, можности и напредок,“ рече Филипче.

Тој додаде дека Кузмановски е народен човек, постојано присутен меѓу сограѓаните, кој ги разбира нивните потреби и предизвици. -Кузмановски ќе биде секогаш на терен, достапен и подготвен да слушне и решава проблеми. Ја познава секоја мака на општината и има волја и план за справување со нив, истакна Филипче.

Реклама

Лидерот на СДСМ, Филипче нагласи дека на овие избори граѓаните избираат повеќе од партија, односно, како што рече, избираат иднина и дом кој ќе им го оставиме на нашите деца.

-На деветнаесетти октомври, имаме можност да кажеме доста на лагите, на неправдата и на лажниот патриотизам. Има можност да избереме чесни луѓе, луѓе со интегритет кои ќе одговараат пред вас, граѓаните. Сите заедно да излеземе и да покажеме дека се бориме за нашиот дом – за Демир Хисар, за Македонија и за сигурна и просперитетна иднина, порача Филипче.