Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Филипче од Кичево: СДСМ се бори за држава што не е ничија приватна сопственост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на граѓанската трибина во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава, информира СДСМ во соопштение. 

„СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна д-р Филипче.

Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.

Реклама

„Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.“

Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека „Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.“

„Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми,“ рече лидерот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.

Филипче: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам

„Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба. Патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од вечерашната трибината во општина Кичево.

Тој истакна дека достоинството на граѓаните и на државата се брани единствено со силни институции и сериозен план, а не со празни зборови.

„Достоинството се брани со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место го ставаат граѓанинот и неговите проблеми,“ рече д-р Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ отсекогаш била повеќе од политичка партија велејќи дека „таа е движење за слобода, правда и еднаквост”.

„Без вас нема СДСМ, а без СДСМ нема иднина за правдата, за еднаквоста, за грижата за секој човек. Без вас едноставно нема слобода,“ порача Филипче пред кичевчани на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”.