Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Филипче од Франција: Резолуцијата е гаранција за националните интереси

Лидерот на СДСМ, кој е во посета на Франција, посочи дека подготовката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ, кој е во посета на Франција, посочи дека подготовката на резолуцијата со која ќе се одредат „црвените линии“ на земјава е во финална фаза. Според него, документот ќе овозможи вин-вин решение за државата и за граѓаните.

„Тука сум да го промовирам и бранам националниот интерес и позициите на Македонија, која мора да продолжи по европскиот пат активно, со резултати и со визија“, истакна Филипче.

„Со оваа резолуција ќе понудиме национален механизам за справување со евентуални непринципиелни барања од Бугарија во текот на преговорите, ако тие на било кој начин излегуваат од преговарачката рамка, а се однесуваат на македонскиот јазик, култура и идентитет – темелни вредности кои се веќе заштитени во повеќе европски документи и со самата рамка. Со носење на резолуција со национален консензус ќе ги потврдиме овие позиции, но и ќе изградиме заеднички став како да ги заштитиме и во домашните институции“, порача Филипче.

Реклама

Тој ги изнесе овие ставови по средбите со француските претставници од Генералниот секретаријат за европски прашања, Француското министерство за Европа и надворешни работи и со членови на Парламентот на Франција.