Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Филипче: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е тотално безидејна, „бугарските куфери со пари“ се само уште еден од нивните спинови

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува државните институции во изборната кампања. Злоупотребата, како што рече, е најизразена кај Министерството за внатрешни работи. Филипче побара од ресорниот министер Панче Тошковски јавно да каже дали лично стои зад ова, но апелира и до меѓународните институции да реагираат.

Одговорајќи на новинарски прашања, лидерот на СДСМ ги квалификува обвинувањата од страна на премиерот Христијан Мицкоски за „бугарските куфери со пари“ како уште еден спин. Воедно информира дека немал средба со Зијадин Села во Струга за каква било соработка и заеднички настап на локалните избори, туку се сретнале, напомена, во Скопје, за здравствено прашање на еден од блиските луѓе на Села.

-Во повеќе ситуации во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од МВР кои или ги водат состаноците или се присутни. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите. Барам министерот Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. Апелирам и до меѓународните институции, тие што ги следат изборите, да реагираат на оваа појава зашто Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална, независна институција, што им служи на граѓаните, а не на политичките партии, потенцира Филипче.

Реклама

Според него, кампањата што ја води ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување.

-ВМРО-ДПМНЕ е тотално безидејна. Нема што да покаже, ниту еден проект со кој може да се пофали на локално или централно ниво. Кога по четири години немате со што да се пофалите, се што ви останува е да се занимавате со опозицијата – да спинувате, да измислувате. Сметам дека ваков пристап и кампања на „црно и бело“ против опозицијата, е несоодветна. „Бугарските куфери со пари“ се само уште еден од спиновите со кои се служи Мицкоски изминатиот период. Во целата безидејност не знаат што да направат, немаат сериозен  проект. Се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении. Соочени се со тоа што ние сме го направиле за само година или две, како зголемувањето на платите на лекарите и минималната плата, истакна Филипче.

Во врска со Села, уште еднаш подвлече дека во оваа фаза за соработка не се разговара.  

-Не сум имал средба со Зијадин Села во Струга, сме се сретнале во Скопје за работа што е целосно надвор од политиката – за здравстено прашање за еден од неговите блиски луѓе. На страна од тоа, нема никаков договор за соработка сега во оваа фаза во Струга, настапуваме како СДСМ. Општинската организација работи на автентично претставување на нашата Програма за Струга, работиме на обединување и консолидирање на нашето членство и на нашите симпатизери. Во оваа фаза за соработка не разговараме, по првиот круг ќе видиме, објасни партискиот лидер.