Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Филипче: Државата е нашиот дом, борбата за иднината е заедничка обврска

Лидерот на македонската опозициска партија Венко Филипче упати честитка по повод 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на македонската опозициска партија Венко Филипче упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста во која повикува на политичко и државничко освестување. 

– Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. Нашиот дом е нашето семејство, но и нашето маало, нашата општина, нашата заедница. За нашиот дом мора да се бориме сите. Македонија е и на тие што останаа овде, и на тие што заминаа, ама не заборавија. Мораме да ја чуваме оваа држава, затоа што немаме друга. Сакам да и порачам на власта, ова е земја на сите, за сите. Не е само ваша. Повикувам на политичко и државничко освестување. Патриотизам е да се бориш за чист воздух, а не да палиш депонии и да не преземаш ништо за тоа. Патриотизам е да помагаш на послабите и на посиромашните, а не да мислиш само на себе и да трошиш од државните ресурси за да нема доволно за граѓаните, вели Филипче.

Осврнувајќи се на она што е направено кога СДСМ беше на власт, Филипче оценува дека изминатата година државата не се движи во добра насока и е под закана од напуштање на деценискиот сон за интеграција, масовно иселување и економско девалвирање. 

Реклама

– Државата не се брани само со знаме и химна, се брани и со фер институции и со праведно судство и со еднакви шанси за сите затоа што денес, заканата не е од оружје, туку од корупцијата, неправдата, дискриминацијата, сиромаштијата, вели Филипче.

Порачува дека сега е време да се направи чекор напред, да се обезбеди иднина што нема да зависи од тоа кој е на власт, туку каква држава сме изградиле.

– Нашата следна цел е членството во Европската Унија. Тоа го бараат сите граѓани затоа што се свесни дека ако сакаме стабилност, владеење на правото, заштита за работниците, подобри стандарди и економија што не зависи од политика, ова е единствениот пат. Денес сме на чекор од Европа. Тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето. Бидејќи јас верувам дека сите на крајот го сакаме истото, сигурна иднина на оваа држава и на нашите деца. Оваа борба не е ни лесна, ни брза, но е вредна. И ако 1991 се изборивме за независност, сега треба да се избориме за иднина, истакнува Филипче во честитката.