Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица, се вели во соопштението до СДСМ.

„Ова не се само локални избори“, додаде тој. „Граѓаните имаат можност со својот глас да испратат порака: доста е, државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето,“ истакна Филипче.

„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж.“, потенцираше Pретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Реклама

„Ние настапуваме со чесни и посветени луѓе. Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него“, подвлече тој.

„Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед“ рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани.