Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година, слично е и во Македонија

Стапката на фертилитет во Македонија изнесува 1,35 живородено дете на жена, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стапката на фертилитет во Македонија изнесува 1,35 живородено дете на жена, што е речиси на исто ниво со просекот во Европската Унија, кој во 2024 година достигнал рекордно ниски 1,34 дете на жена – покажуваат податоците за демографските движења на „Евростат“.

Стапката на фертилитет во Унијата во 2024 година била најниска откога почнало следењето на оваа статистичка серија во 2001 година. Во изминатите 20 години таа постојано била под нивото од 2,10 живородени деца на жена, кое се смета за потребно за природна замена на населението движејќи се во распон од 1,34 до 1,57 дете на жена.

Слична е состојбата и во Македонија иако има разлики меѓу регионите. Над националниот просек од 1,35 дете на жена се Скопскиот Регион со стапка од 1,73, Североисточниот со 1,40 и Пелагонискиот со 1,36.

Реклама

Под националниот просек се Полошкиот и Југозападниот Регион, со 1,27 живородено дете на жена, Вардарскиот со 1,31, Југоисточниот со 1,30 и Источниот Регион, каде што стапката е најниска и изнесува 1,16 дете на жена.

Регионалните податоци за Европската Унија покажуваат дека од вкупно 1.165 региони за кои има достапни податоци, во 439 региони, односно 37,7 проценти, стапката на фертилитет била под просекот на Унијата. Во 714 региони, или 61,3 проценти, таа била над просекот, а во 12 региони била еднаква на просечната стапка на ЕУ.

Стапка од најмалку 1,75 живородено дете на жена е регистрирана во 14 региони во Бугарија и Франција, шест региони во Германија, три во Словенија и по два региони во Унгарија, Холандија и Романија. Таква стапка е забележана и во еден регион во Ирска, Грција, Хрватска и Словачка.

Најниски стапки на фертилитет во ЕУ се забележани во Шпанија, особено во северозападниот дел и во одредени островски региони, како и во поголемиот дел од Италија, особено на Сардинија.

Стапка од помалку од едно живородено дете на жена е регистрирана во 16 региони во Шпанија, седум во Полска, пет во Италија, три во Грција и по два региони во Германија и Литванија.