Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ферати се сретна со шефицата на Канцеларијата на ОН во Белград, во фокус евроатлантската интеграција

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати остварил средба со Доминика Кроис,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати остварил средба со Доминика Кроис, шефица на Канцеларијата на Организацијата на Обединетите нации во Белград, на која се разговарало за актуелните случувања во земјава, интегративните процеси и значењето на меѓународната соработка во насока на унапредување на евроатлантската агенда на земјата.

За време на средбата, како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците, била истакната посветеноста на зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и промовирањето на заедничките европски вредности, како важни столбови за стабилноста и одржливиот развој на земјата.

Министерот ја истакнал важноста на соработката со Организацијата на Обединетите нации и меѓународните партнери во поддршка на реформите и напредокот на нашата држава кон евроатлантската интеграција. Во таа насока, била реафирмирана потребата од континуиран дијалог, институционално партнерство и заедничка координација во справувањето со регионалните предизвици, зајакнувањето на мирот и безбедноста, како и во градењето поодржлива, поинклузивна и попросперитетна иднина за граѓаните.

Реклама