Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Европскиот фронт ќе се ребрендира – на изборите ќе настапат под името „Националната алијанса за интеграција“

Европскиот фронт повторно се ребрендира и на локалните избори ќе настапи под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот фронт повторно се ребрендира и на локалните избори ќе настапи под логото Националната алијанса за интеграција, информира преку Фејсбук лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да се застапуваат едни за други, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца. Како што се обединуваме, да не ги заборавиме лекциите од горчливото минато и секогаш имајте на ум дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство. Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружувањето е наша порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, порача Ахмети.

Предизборно Европскиот фронт го напушти Демократската партија на Турците, која на изборите ќе настапи самостојно, како и ДПА на Мендух Тачи, која нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.