Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Експертите очекуваат стабилизиција на економијата и солидни стапки на раст

Македонската економија се движи во позитивна насока на стабилизиран раст и умерено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија се движи во позитивна насока на стабилизиран раст и умерено ниво на инфлација. Експертите сметаат дека таа има капацитет да се зголеми над 3% како што проектира Светска Банка во најновиот извештај, главно поради поголемата домашна побарувачка, јавните инвестиции и извозот. Експертите велат дека се забележува дека активностите забрзуваат, но Владата треба да внимава на влошените демографски промени и ефикасноста на институциите. Тие сметаат дека се добри показателите за намалување на невработеноста и раст на платите. За поголем економски раст, клучно е, според нив, зголемувањето на продуктивноста.

За аналитичарите, добро е што инфлацијата полека почнува да забавува. Очекувањата се дека таа може да се сведе на околу два проценти следната година, без дополнителни мерки. Секако, тоа би се случило, доколку не се заострат ризиците и притисоците врз цените во регионот и на глобално ниво – вели универзитетскиот професор Синиша Наумовски. Политиките на Владата, треба според него, да бидат насочени кон поттикнување на домашното производство.

Инаку, државната статистика измери годишна инфлација од 4% во септември, што е намалување за 0,2 пп споредено со август. Намалувањето за само еден месец е резултат главно на пониските трошоци на живот кај транспортните услуги за 3,3%, рестораните и хотелите за 1,3% и рекреација и култура за 0,7%. Светска банка пак очекува инфлацијата да се сведе на 2% во 2027-мата година.