Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Култура

Ексклузивна премиера на „Утре наутро“ на режисерот Јани Бојаџи

Црвениот килим е подготвен за филмската магија на „Утре наутро“ , премиерна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвениот килим е подготвен за филмската магија на „Утре наутро“ , премиерна проекција на најновото дело на Јани Бојаџи кое ќе блесне на големото платно во Синеплекс, поради големиот интерес филмот ќе се прикажува истовремено во три кино сали.

Станува збор за политичка драма полна со низвесност и интриги, инспиририна од случувања на и по 27 април 2017-та година, ден што засекогаш ја смени македонската современа историја. Судир меѓу идеалите и реалноста, границата помеѓу вистината, лагата и совеста.

Филмот е посветен на сите жени во Македонија кои се подготвени да ги одбранат своите семејства и заедница.

Реклама

Една од главните улоги ја има Нина Деан, која во филмот влегува во чевлите на Јоана Пеласка, сопруга на поранешен премиер. Вели дека снимањето и било предизвик зашто силните женски улоги се ретки, особено во македонската кинематографија.

Нејзините деца, Тина и Борис, ги играат младите актери Јана Никодиновска и Гоце Андонов.

Дел од останатите улоги ги толкуваат Ирена Трајковска, Кети Дончевска Илиќ, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Северџан Бајрам, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Жаклина Стефковска, Благоја Чоревски…

На снимањето беа ангажирани и безмалку 1.500 статисти, а се снимаше на десетици локации во Скопје и неговата околина.

Филмот е дел од поголем проект кој вклучува и телевизиска серија во пет продолженија која треба да се емитува на ТВ Алфа наредната година.

„Утре наутро“ покрај во Скопје во Синеплекс, од утре ќе може да се погледне и во кината во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка.