Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот Бизнис форум Македонија – Турција

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и поттикнување нови партнерства меѓу македонските и турските компании. Дел од македонската делегација беше и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, се вели во соопштението од Владата.

Форумот беше отворен со обраќања на претставници на DEİK – Советот за надворешни економски односи и УНДП, по што пред присутните се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. Во своите обраќања тие ја нагласија важноста од натамошно јакнење на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и потребата од создавање нови можности за инвестиции и деловна соработка.

Во рамки на панел-дискусиите, посветени на трговијата, индустријата, енергетиката, инфраструктурата и логистиката, посебен акцент беше ставен на регионалното поврзување и улогата на слободните економски зони во привлекувањето нови инвестиции. Во таа насока, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, ја имаше улогата на модератор на втората панел-сесија, на која учествуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, извршниот директор на TAV Airports, Серкан Каптан, генералната директорка на турските слободни економски зони, Емел Емирлиоглу и министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција, Абдулкадир Уралоглу. Панелот беше оценет како значаен придонес кон унапредување на дијалогот за инфраструктурно и економско поврзување меѓу двете земји. Размената на ставови отвори дополнителни можности за соработка во клучни сектори од заемен интерес.

Реклама

Во рамки на форумот беше презентирана и Мапата за инвестирање во Северна Македонија, која ја претстави советникот на претседателот на Владата и поранешен вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. Мапата нуди сеопфатен преглед на инвестициските потенцијали, развојните зони и можностите за вложување во земјата, со цел нивна промоција пред странските инвеститори.

Во завршниот дел од форумот се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, кои ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестиции меѓу двете земји.

По официјалниот дел следуваше Б2Б средба меѓу македонски и турски компании, на која беа остварени директни контакти и разговори за идни партнерства и нови инвестициски проекти.

Бизнис форумот уште еднаш ја потврди силната економска поврзаност меѓу Северна Македонија и Турција, како и заедничката определба за унапредување на економските односи и поттикнување одржлив економски развој.

Форумот беше организиран во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во соработка со УНДП.