Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Економијата забрзува: БДП со скок од 3,8% во третиот квартал

Македонија трета во Европа по нивото на економски раст, веднаш зад Ирска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија трета во Европа по нивото на економски раст, веднаш зад Ирска и Данска. Зголемувањето на БДП во третиот квартал изнесува 3,8%, што е повеќе и од земјите во регионот, од Србија со Црна Гора, Бугарија . Најголем придонес кон растот на економијата има зголемувањето на бруто инвестициите од 30,6%. За министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска тоа е доказ дека во Македонија владее поволна бизнис клима и е позитивен сигнал за странските инвеститори. Во овој дел таа ја истакна реализацијата на капиталните инвестиции, повлекувањето на средства од поволниот унгарски заем од страна на домашните компании за вложување во производство, како и инфраструктурните проекти на општините.

Сектор кој најмногу придонел кон растот во третиот квартал било градежништвото со зголемување на активностите за 21%. Следат информациите и комуникациите кои се во позитива од 7,4, како и земјоделството со 4%. Димитриеска Кочоска е особено задоволна со остварените резултати во нискоградбата, кадешто активностите се зголемиле за рекордни 58,5%. Таа очекува бум  иво високоградбата, особено откако финансии одлучи да ја задржи повластената стапка на ДДВ од 5% за купување нов стан директно од инвеститор.

Кумулативно растот во првите 9 месеци изнесува 3,4%. Министерката вели дека има огромен интерес за вложување во граѓанската обврзница од страна на населението и очекува надминување на првично предвидениот износ. Таа исто така не гледа ништо спорно во прераспределбата на средства меѓу буџетските корисници, односно мини ребалансоткој последниве години се прави стандардно во последниот месец од годината. На овој начин се прераспределуваат пари од една за друга намена во Министерството за одбрана и се додаваат средства за исплата на пензии, транзициски трошоци кон вториот пензиски столб и за здравствена заштита на пензионерите.