Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Единствениот ренген апарат во Штипската болница не работи две недели, Штипјани одат дури до Велес

Ако скршиш рака во Штип, скршеницата ќе треба да ја дијагностицираш во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако скршиш рака во Штип, скршеницата ќе треба да ја дијагностицираш во Велес или Свети Николе. Поради расипана цефка на ренген апаратот во штипската болница, веќе втора недела пациентите кои имаат потреба од вакви снимки патуваат до околните градови. Таков е случајот и со штипјанец со скршеници кој за ренген снимка бил испратен  до  Велес бидејќи единствено таму имало слободно место…Јавно не сака да збори за голготата што ја преживеал наогајки човек за да го превезе до велешката болница. Истовремено  не работи и магнетната резонанса , за чие санирање на дефектот се потребни дополнително околу 300.000денари.

   Од болницата бараат разбирање од пациентите.  Велат постапката за санирање на дефектот е почната и до крајот на месецот ренген апаратот повторно ќе биде ставен во функција.

„Бараме за стрпливост. Во најбрз можен рок се решаваат сите овие дефекти. Меѓутоа не може да се реши од денес за утре . МОра да се спроведе постапка за јавни набавки. Најчесто сервисерите ги немаат потребните делови на лагер. Станува збор за скапи делови. Цефката за  ренген апаратот чини  околу1милион денари„-изјави д-р Ален Ѓеорѓијев , директор на КБ-Штип.

Реклама

Додека се чека на поправка на апаратите, итните случаи, како и пациентите со Ковид се снимаат со компјутерскиот томограф. Дека состојбата со едни од највиталните апарати во штипската болница е загрижувачка, денес реагираа и штипските опозиционери. 

Александра Ристевска