Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ЕБОР и ЕУ го зајакнуваат пристапот до финансирање на жените и младите претприемачи 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) продолжуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) продолжуваат да го поддржуваат инклузивното претприемаштво во Македонија преку потпишување на ЕУР 5 милиони финансиски договор со ПроКредит Банка АД Скопје под програмите Жени во бизнис  и Млади во бизнис .

Пакетот се состои од:

ЕУР 2,5 милиони долгорочен необезбеден кредит под програмата за Западен Балкан Жени во бизнис фаза 2
ЕУР 2,5 милиони долгорочен необезбеден кредит под програмата за Западен Балкан Млади во бизнис
ЕУ ги поддржува и двете програми, обезбедувајќи техничка помош и контра-гаранција за првата загуба преку програмата Европски фонд за одржлив развој плус.

Реклама

Кредитите се втора транша за ПроКредит Банка, и тоа од секоја од програмите, со што се истакнува силната и одржливата посветеност за проширување на пристапот до финансирање за жените и младите претприемачи во Македонија.

И двата кредита ќе бидат 100 отсто кредитирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) менаџирани од жени и млади, со што ќе им се подобри пристапот до долгорочно финансирање на групи кои продолжуваат да се соочуваат со структурни пречки во финансискиот сектор.

Кредитот преку програмата Жени во Бизнис, ќе ги поддржи ММСП управувани од жени, кои придонесуваат во поголемо економско учество на жените претприемачи, истовремено зајакнувајќи ги бизнисите во земјата, вклучувајќи надворешен капитал.

Кредитот од програмата Млади во Бизнис ќе ги поддржи ММСП кои се во сопственост или се менаџирани од претприемачи под 35 години, кои им помагаат на младите луѓе да развијат оддржливи бизниси и да креираат работни места кои ќе ја зајакнат националната економска отпорност.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија изјави: ,, Поддршката на жените и младите луѓе во бизнис е основа за градење на поинклузивна, поотпорна и поконкурентна економија. Преку овој пакет од ЕУР 5 милиони заедно со ПроКредит Банка го зајакнуваме долгорочното партнерство и помагаме да се обезбедат услови каде жените и младите менаџери во Северна Македонија ќе имаат пристап до финансирањето кое што им е потребно, за да инвестираат, растат и да создаваат работни места.”

Стевче Кузмановски, Член на Управниот Одбор, изјави: ,, Горди сме што продолжуваме и понатаму го зајакнуваме партнерството со ЕБОР преку програмите Жени во бизнис и Млади во бизнис. Оваа соработка ја рефлектира нашата заедничка посветеност за зајакнување на поинклузивна и подинамична деловна клима во Македонија. Преку поддршката на жените и младите претприемачи, насочени сме кон овозможување на повеќе успешни приказни во 2026 година, да придонесуваме кон одржлив раст и сеопфатен развој на економијата. Следствено на претходниот силен интерес во истите две програми за поддршка, очекуваме подеднакво висока побарувачка, потврдување дека сме вистински претприемачки нација, богата со идеи и добро подготвени да се соочиме со натамошните деловни предизвици.”

Михалис Рокас, Амбасадот на ЕУ, изјави.,, Проширувањето на пристапот до финансирање за жените и младите претприемачи е клучно за отклучување на економскиот потенцијал на Северна Македонија. Преку поддршка на овие бизниси, помагаме во креирање на работни места, зајакнување на локалните заедници и отворање на реални можности на оние на кои најмногу им се потребни. На овој начин, придонесуваме кон поинклузивен раст, намалување на сиромаштијата и обезбедување на економски развој, кој може да се почувствува во целото општество.”

ПроКредитБанка АД Скопје е долгорочен партнер на ЕБОР и е еден од водечките кредитори на ММСП во Северна Македонија, со силен фокус на одговорно банкарство и одржлив развој.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До сега има инвестирано над ЕУР 3 милијарди во над 210 проекти во земјата.