Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

Целосно е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново што изби вчера попладне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосно е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново што изби вчера попладне иако се уште може да се забележи чадење од неколку места.

-По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако се уште може да се забележи чадење од неколку места, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот во депонијата во Арачиново избувна вчера попладне.

Реклама

Според Центарот за управување со кризи, пак, до 7:00 часот утринава на територијата на државава има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, пет се под контрола, а 19 се изгаснати. Активен е само пожарот во Општина Долнени во село Долгаец кај м.в. Тутуница каде гори ниска вегетацја.

Под контрола с епожарите во Општина Прилел: с.Дабница и м.в. Три багреми (ниска вегетација и ѓубре); Општина Гевгелија: Планина Кожуф (приземен пожар); Општина Студеничани: с.Малчиште-с.Осинчани (ниска вегетација и деградирана шума); Општина Чучер Сандево и Липково: с.Малино, с.Танушевци и с.Лукаре (мешана шума); и Општина Делчево: Делчево депонија Острец (депонија).

Изгаснати се пожарите во Општина Бутел во депонијата Визбегово (запалено ѓубре); и на бул.Босна и Херцеговина (ниска вегетација); Општина Чаир кај Скопски Аквадукт (ниска вегетација); Општина Македонски Брод над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат); Општина Штип с.Љуботен (запалена ниска вегетација зафатена 1 куќа и 3 штали); Општина Штип с.Видовиште (ниска вегетација); Општина Демир Хисар с.Суводол (ниска вегетација и отпад);
Општина Петровец с.Ржаничино- с.Таор (ниска вегетација и трска);
Општина Битола нас. Ушици (ѓубре); Општина Кривогаштани с.Подвис (ниска вегетација); Општина Кичево 1 : Кичево (депонија); с.Поповјани (стрниште); и с.Зајас (стрниште); Општина Тетово позади Центрум (нива); Општина Желино стариот патен правец Тетово-Желино (гуми); Општина Куманово с.Лубодраг (ниска вегетација и стрниште); Општина Гевгелија с.Давидово (меѓи и стрништа); Oпштина Арачиново с.Арачиново (депонја); и Општина Старо Нагоричане: с.Ругинце (ниска вегетација).