Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

ДЗР: Работните спорови ја чинеле државата 64 милиони евра за пет години

Над 64 милиони евра од државната каса се слеале во работни спорови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 64 милиони евра од државната каса се слеале во работни спорови за само пет години. Речиси половина од сумата не отишла за главниот долг, туку за камати, судски и извршни трошоци. Државниот завод за ревизија алармира – системот за спречување и управување со работните спорови е неефикасен, а бројот на предмети забрзано расте.

  • „Ревизијата утврди дека државата нема воспоставено ефикасен и системски пристап за управување со работните спорови, што се одразува со континуиран раст на бројот на предмети во работа и финансиски импликации врз  Буџетот на државата..“се наведува во извештајот на ДЗР.

Проблемот не е само во исплатените средства. Расте и бројот на судските предмети. Во 2021 година биле активниоколу 9.300 предмет, а во 2025 година бројката достигнала над 24 илјади– повеќе од два и пол пати за само четири години.

Според ревизорот, загрижува и податокот дека дури 95 проценти од средствата биле наплатени присилно, преку налози за извршување.

Реклама

Ревизорите забележуваат и дека во институциите ретко се користат алтернативни механизми за решавање на конфликтите, додека Државното правобранителство главно реагира откако спорот веќе ќе стигне пред суд.

  • „Отсуствуваат анализи за причините поради кои вработените ги тужат институциите, со цел да се иницираат соодветни законски измени.. Дополнително, Државното правобранителство претежно има реактивна улога, насочена кон застапување во судските постапки, без доволно развиена превентивна и советодавна функција“ стои во извештајот.

Дополнителен проблем е и евиденцијата. Начинот на кој се регистрираат и плаќаат обврските не обезбедува доволно податоци со што се отежнува следењето на предметите и навременото управување со финансиските ризици.

ДЗР препорачува воспоставување функционален систем за работните спорови, прецизирање на законската рамка, подобро следење на предметите и зајакнување на превентивните механизми за помалку непотребни трошоци за државниот буџет.