Реклама
Прилози

Двојна наплата од матични гинеколози – земале пари и од пацинетите и од ФЗОМ

Матичните гинеколози незаконски им наплаќале по 500 денари на своите пацинетки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Матичните гинеколози незаконски им наплаќале по 500 денари на своите пацинетки за земање на брисеви за ПАП-тест, ехо и колпоскопија, иако истите биле бесплатни и покриени од ФЗО. Фондот во ноември годинава заедно со УЈП извршиле контроли кај 49 ординации во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица поради бројни поплаки на пациентки. Кај 26 ординации не биле забележани неправилности, а кај останатите 23 биле утврдени неправилности – дел од страна на ФЗО, а дел од УЈП. Директорот на Фондот Клековски истакна дека ФЗО изрекува казна од 405 евра, а доколку грешките повторно се случат, казната ќе се зголеми и ќе се раскине договорот.

„Целта на контролата беше да утврдиме дали лекарите се придржуваат до договорните обврски со ФЗО, односно дали услугите како ехо-преглед, колпоскопија, земање ПАП-брис и други дијагностички процедури, кои согласно медицина заснована на докази не смеат да се наплаќаат, туку се обезбедуваат бесплатно“ вели Сашо Клековски, директор на ФЗО

Од УЈП велат дека кај 16 од контролираните ординации биле откриени неправилности со пријавувањето на парите кои биле наплатени во готово, поради што биле изречени глоби. Првиот човек на Управата Елена Петрова, истакна дека поради неправилностите во делот на фискализацијата, се поттикнува сивата економија и така се носи штета врз државниот буџет.

Реклама

„Иако здравствените услуги се ослободени од ДДВ, најголем дел од овие субјекти плаќаат симболичен годишен данок или се целосно ослободени од оданочување. Неевидентирањето на прометот создава простор за користење на средствата како неоданочени лични примања, стекнување имот и поттикнување на сивата економија“ вели Елена Петрова, директорка на УЈП

Фондот за здравствено осигурување има склучено договор со вкупно 149 приватни здравствени установи кои се надлежни за обезбедување примарна здравствена заштита. Од Управата за јавни приходи упатија апел до граѓаните секогаш да бараат фискална сметка и сите неправилности да ги пријавуваат на бесплатната телефонска линија 198, за да биде поефикасна борбата против незаконското работење.

Давид Крстевски